Во ЦУК 1.748 повици за итни случаи изминатото деноноќие, еден пожар на отворено
Според последниот извештај на секторот Е-112 во ЦУК, кон Единствениот број за итни случаи имало вкупно 1.748 повици. „Реални“ повици за итни случаи биле 39,30 проценти, а имало 60,70 отсто други повици, што биле за други потреби на граѓаните или едноставно не биле итни, соопштија од Центарот за управување со кризи.
- Со решавањето, координирањето, на овие повици преку ЦУК, се растоваруваат од такви повици институциите и службите коишто се за итно интервенирање. Како, на пример, кога се јавува болен граѓанин што може да добие совет од службата „Ало докторе“, па не се држи зафатена една линијата на Итната медицинска помош (ИМП) со случај што не е за итна медицинска интервенција, појаснуваат од ЦУК.
Кон полицијата биле упатени 51,12 отсто од повиците, кон ИМП 42,13 проценти, а кон пожарникарите - 3,37 проценти.
- ЦУК ги решава, односно ги координира итните случаи, чија природа на настан „бара“ комбинирано дејствување на повеќе институции или служби, се додава во соопштението.
Од регионалниот ЦУК Велес, информираат дека Територијалната противпожарна единица вчера во период од 14 до 14:40 часот со едно возило и тројца пожарникари интервенирале на запалена ниска вегетација во селото Дурутовец кон село Чолошево.
- Секако, паралелно со ваквите интервенции на пожари на отворено, пожарникарите интервенирале на други пожари во населените места, согласно пријавите за пожар, пишува во соопштението.
Ново на Сител
-

Савески: Одлуката за отповикување на овластувањата на обвинителката Ристоска не беше персонална, туку е од организациска природа
-

МФ: Извршен поврат на солидарен данок од 1,219 милијарди денари кон 119 компании
-

Мицкоски: Со 400 кV далновод од ТС „Битола 2” првпат стануваме целосно поврзани со сите соседни електроенергетски системи
-

АРМ објави оглас за 300 нови војници
-

Првата пешадиска бригада го одбележува Денот на единицата
-

Случај Ивана и Катја: Наставничката сведочеше за семејното насилство и за последниот училишен ден на девојчето
-

До сабота облачно со дожд, од недела сончево и потопло
-

Ленче Ристоска поднесе оставка од обвинителската функција
