Балкан
26. October 2020 - 18:45

Во Црна Гора заразени 97 ученици и 92 наставника, во самоизолација 558 лица

Во Црна Гора, 97 ученици и 92 наставници во основните и средните училишта се заразени со коронавирус, поради што отсуствуваат од наставата, соопшти Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).

„Според податоците што ги добивме утрово од Министерството за образование, отсутни се вкупно деведесет и седум деца кај кои е утврдено присуство на новиот коронавирус, а бројот на отсутни наставници е 92. Има 558 ученици и 89 наставници кои биле во контакт со нив“, се наведува во соопштението на ИЈЗ.