Во Црна Гора уапсен полски државјанин осомничен за милионска измама
Во Црна Гора е уапсен полски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница од Полска и Јужна Кореја и кој е осомничен за кривични дела од областа на економскиот криминал.
Станува збор за Роман Зимијан (51), кој е осомничен за кривични дела од областа на економскиот криминал, а тоа е за сериозен вид измама од поголеми размери, перење пари, кражба и кршење на законот, што во Јужна Кореја се казнува со доживотен затвор.
Како што јави Радиотелевизија на Црна Гора, Зимијан е осомничен дека во соработка со неговиот партнер С. М. оштетил поголем број лица во Полска и Јужна Кореја, за сума од околу 21 милион американски долари.
Зимијан е и еден од основачите и сопствениците на фондот „Future net“, кој се занимава со трговија со дигитални и криптовалути, а по апсењето е изведен пред истражен судија на Вишиот суд во Подгорица со цел да се определи екстрадициски притвор, соопшти полицијата.
Ново на Сител
-
Во Дебар поставен транспарент „Албанците се понижуват до таму што се гази и крвта на паднатите борци! Врати се команданте, Али Ахмети!“
-
Заборави на рата, фиксирај со плата – Нов кредит до 300.000 денари во „ФЛЕКС КРЕДИТ“
-
Секое дете заслужува да расте со ЉУБОВ – хуманитарна кампања во НЕПТУН
-
Сител Телевизија вработува новинар во веб редакцијата
-
Електронско аплицирање за ученички стипендии до 15 октомври
-
Јаневска: Се разговара со синдикатот за повисоки плати на наставниците
-
Мицкоски: Првата половина од автопатот Кичево - Охрид ќе биде пуштена во мај
-
Од денеска намалени цените на пет патарини во Грција