Во Црна Гора откриен нелегален магацин со 13,5 тони тутун

Црногорската полиција соопшти дека пронашла 13,5 тони тутун, неколку машини за негова преработка, како и суровина за пакување цигари во нелегално изграден магацин во местото Грбе во близина на Даниловград.
Магацинот се наоѓа на земјиштето на жителот на Никшиќ, Александар Мркиќ, по кого е распишана меѓународна потерница поради сомнение за создавање криминална организација, перење пари и шверц, соопшти Полициската управа.
Мркиќ, бегалец од листата на барани лица на Интерпол, е познат повеќе од една деценија како важна алка во таканаречениот клан Мојковац, објавија утрово Вијести.
Полицијата два дена ги попишуваше пронајдените тутун, машини и друга опрема.
Поради пронајдената опрема, истражителите се сомневаат дека објектите не само што се користеле како магацини, туку дека тутунот се преработувал, пакувал и подготвувал за производство на цигари наменети за нелегалниот пазар.
МИА
Ново на Сител
-

Мицкоски ќе присуствува на отворањето на новиот погон на „ВИК“ во ТИРЗ Прилеп
-

Конференција за регионална соработка и евроинтеграции: Во фокус парламентарниот надзор и проширувањето на ЕУ
-

Сончево и топло, попладне со услови за локален пороен дожд
-

Зеленски го осудува недостатокот на меѓународен одговор на руските напади
-

Руте: Сојузниците издвоија лани повеќе од 10 милијарди долари помош за Украина
-

ЕУ и обезбедува на Шпанија помош од 115 милиони евра за справување со миграциската криза во Сеута
-

Прволигашите без проблеми во куп натпреварите
-

Ферари и Леклер добро минаа по инцидентот во Монца
