Во Црна Гора исполнети условите за прогласување крај на епидемијата
Во Црна Гора се исполнети условите за одјава на епидемијата на коронавирус, изјави помошник директорот на Институтот за јавно здравје, Сенад Бегиќ.– Постојат епидемиолошки услови за ИЈЗ да размислува за одјава на епидемијата. Тоа е правно дефинирана процедура која вели дека епидемијата може да заврши кога ќе помине период на двојна инкубација. Периодот не е дефиниран со закон, тој е повеќе дефиниран со некои епидемиолошки правила. Две инкубации без нови случаи и навистина се исполнети условите за епидемијата да се одјави, рече Бегиќ за Радио телевизија Црна Гора.
Тој истакна дека на терен тоа не менува многу, бидејќи ризикот од заболувањето и натаму останува.
– Крајот на епидемијата речиси не значи ништо. Првиот бран е формално завршен, но мерките и наредбите на Министерството и препораките на ИЈЗ сè уште остануваат на сила. Тоа се физичко растојание, миење на рацете и употреба на маски. Во сите земји на ЕУ носењето маски е задолжително како и кај нас, односно на затворени, јавни места каде не може да се одржи физичко растојание од два метра. Дали ќе остане тоа така зависи од натамошниот тек на болеста, рече Бегиќ.
Во Црна Гора за време на пандемијата, на околу 620.000 жители имаше 324 заразени од вирусот, а двајца починати.
Ново на Сител
-

Левит: Операцијата против Иран ќе ги намали цените на нафтата и гасот
-

Зеленски: Русија сака да ја искористи ситуацијата околу Иран за да се извлече од санкциите
-

Министрите за енергетика на Г7 ја одложија одлуката за ослободување на стратешките резерви
-

Четиринаесет пријави за семејно насилство деновиве во државата, приведени четири лица
-

ОН: Руската депортација на украински деца е злосторство против човештвото
-

МСПДМ: Итна седница на Националното координативно тело - ќе се формира работна група за измени и дополнувања на неколку закони
-

Владата одзеде уште шест лиценци за одгледување канабис
-

Тешка сообраќајка на влезот во Скопје: Камион урна семафор, паднал врз моторџија | ФОТО
