Македонија
31. October 2021 - 19:53

Во Центар гласањето ќе се продолжи за 2 часа и 55 минути на три избирачки места

Претседателот на ДИК Александар Даштевски информираше дека гласањето во општина Центар ќе се продолжи на 3 избирачки места за 2 часа и 55 минути.

- Во Центар во избирачкото место 2867/1 гласањето ќе се продолжи 2 часа и 55 минути, во избирачко место 2831  гласањето ќе се продолжи за 2 часа и 55 минути и во избирачкото место 2815 гласањето ќе се продолжи 2 часа и 55 минути, кажа Даштевски.