Во Бугарија секој месец исчезнува по едно село
Бугарија, најсиромашната земја во Европската Унија, по падот на комунизмот во 1989 година имаше околу девет милиони жители, а 28 години подоцна тој број падна на околу седум милиони, јави денеска агенцијата Анадолија додавајќи дека главна причина за тоа се падот на наталитетот и економската миграција.
Според податоците на бугарскиот Завод за статистика, Бугарија, која во 2007 година стана членка на ЕУ, поради падот на наталитетот и миграцијата предизвикана од лошата економска ситуација, во периодот од 1989 до 2017 година изгубила околу два милиони жители.
Податоците на Државното биро за здравствена безбедност покажуваат дека во земјата во 2018 година се родени 60.000 бебиња, а починале 110.000 жители.
Освен тоа што стапката на морталитет во тој период била константно поголема во однос на наталитетот, голем број млади луѓе поради подобри услови за живот ја напуштиле татковината и се преселиле во некоја од другите членки на ЕУ, што дополнително ја влоши ситуацијата во оваа земја, додава Анадолија.
Бугарската агенција за дијаспора во 2018 година објави дека најмалку 36.000 бугарски студенти се стекнуваат со образование надвор од границите на својата земја.
Доколку во Бугарија продолжи лошата економска ситуација, а со самото тоа и миграцијата на населението, се претпоставува дека бројот на населението во земјата до 2050 година би можел да падне на 5,2 милиони.
Потпретседателката на Бугарија, Илјана Јотова, претходно изјави дека во Бугарија, која бележи најголема стапка на морталитет во земјите на ЕУ, секој месец од мапата се брише по едно бугарско село.
Ново на Сител
-
Пред продавница во Ѓорче Петров две жени се тепале
-
14-годишно момче избодено до смрт во Лондон
-
Пожар во куќа во Гази Баба
-
ЕУ го осуди лансирањето ракета од Северна Кореја: Тоа ги крши резолуциите на Советот за безбедност на ОН и ги зголемува тензиите
-
Минатата година во Грција биле уапсени 13.000 лица за семејно насилство
-
Во Гази Баба пронајдена 43-годишна скопјанка почината
-
Началникот на царината на Украина под истрага бидејќи не пријавил куќа во вредност од над 100.000 долари
-
Во тетовско приведени девет странски државјанки при контрола на угостителски објект