Loading Video...
Свет
28. September 2021 - 20:28

Во Британија нема бензин на пумпите поради паничното купување, Џонсон ја повика војската на помош

Британската влада ги повика возачите да купуваат гориво колку што вообичаено купуваат и да не прават резерви. Нема потреба од паника.

- Велика Британија има доволно гориво и се работи на тоа да има бензин и нафта на располагање во целата земја, рече премиерот Џонсон. 

Многу бензнински пумпи се останати без гориво а онаму каде што има се создаваат долги редици, во кои купувачите чекаат со часови. Пред 4 дена Британците почнаа панично да купуваат гориво поради страв дека недостигот на возачи кои го транспортираат горивото од рафинериите до пумпите ќе го наруши синџирот на снабдување.

 Британскиот премиер истакна и дека доколку биде потребно ќе бидат анагжирани 150 возачи на армиски цистерни да помогнат во испораката.

Се проценува дека на Велика Британија моментално и недостигаат повеќе од 100 000 камионџии што во последните месеци предизвика проблеми во доставата на храна и лекови.

Недостатог од транспортни работници има во цела Европа, соопшти Европската федерација на транспортни работници.

- Ако ја направиме работата атрактивна повторно тогаш ќе најдете луѓе кои ќе сакаат да работат во секторот. Недостатоткот од шофери е ист во цела Европа. Во Германија, Полска, Белгија, мојата земја, имаме ист проблем на тоа ниво. Мислам дека нема недостаток од работни места тука од пристојни работни места, изјави претседателот на федерацијата.