-->
-->
Во Бразил за еден ден регистрирани 39.483 новозаболени лица
-->
Во Бразил во изминатите 24 часа регистрирани се 39.483 новозаболени лица со Ковид-19 и 1.141 смртни случаи, соопшти бразилското Министерство за здравство.
Со тоа вкупниот број на инфицирани лица се искачи на 1.228.114 лица, со што Бразил е на второ место зад САД и има двојно повеќе заразени лица од Русија, која е на трето место.
Бразил е на второ место и по бројот на починати од последици од Ковид-19.
Претседателот на Бразил, Жаир Болсонаро, кој од почетокот на пандемијата се сомнева во сериозноста на новиот коронавирус, изјави дека мисли оти е заразен, иако имал негативен тест и најави дека повторно ќе се тестира.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Вучиќ: Тајван е Кина и точка
-
Одбележување на годишнината од масовното убиство во Мало Орашје и Дубона
-
Во Пустец откриена спомен-биста на Гоце Делчев
-
Во црквата „Св. Спас“ одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Тешка сообраќајка во Прилеп: Се судриле камион и мопед, возачот на камионот избегал
-
Нова авиолинија Скопје-Рига-Скопје
-
Кривична пријава против две лица, расчистени 4 кривични дела, одреден притвор
-
За изборите на 8 мај акредитирани 1078 домашни и 770 странски набљудувачи