Во Бразил измерена највисоката температура досега
Во Бразил е измерена највисоката температура досега, дури 44,8 степени Целзиусови, во екот на неподносливиот топлотен бран што зафати делови од таа голема јужноамериканска земја.
Рекордот беше соборен во неделата во градот Арасуаи, во југоисточната бразилска држава Минас Жераис, соопштија официјални лица.
Невидената жештина се припишува на феноменот Ел Нињо и климатските промени. Синоптичарите рекоа дека жештината веројатно ќе се намали оваа недела.
Официјални лица на Националниот институт за метеорологија (Инмет) соопштија дека во трите главни градови на бразилските држави ќе бидат забележани температури до 40 степени, пренесе Си-Ен-Ен Бразил.
Претходниот температурен рекорд беше 44,7 степени и беше измерен во 2005 година.
Поради жештините, црвени предупредувања беа издадени во делови од земјата, еден месец пред почетокот на летото на јужната хемисфера.
Потрошувачката на енергија во Бразил скокна на рекордно ниво, бидејќи луѓето се обидуваат да се разладат со клима уреди.
Ново на Сител
-
Нова сезона на АТЛ започнува од Охрид
-
Советот на Европа ја повика Словенија да го признае хрватскиот јазик како малцински јазик во земјата
-
Го охрабрувам Обвинителството да работи на откривање нови одговорни лица за пожарот во Кочани, порача Мицкоски
-
УНИЦЕФ повикува на поголема вклученост на татковците во активности на учење преку игра
-
При претрес во Штип пронајдена дрога
-
Туфегџиќ: Обвинителството потврди дека нема доказ за инволвираност на таткото на Вања
-
Мицкоски: Исправена е неправдата, доделени национални признанија за врвни достигнувања во спортот
-
Маск: Жалам што некои објави за Трамп отидоа предалеку