Во борбите во Донбас дневно гинат од 200 до 500 украински војници
Во борбите во Донбас секој ден гинат или се повредени до илјада украински војници, а во просек гинат од 200 до 500 војници, изјави шефот на украинската делегација за преговори со Руската Федерација Давид Арахамија, цитиран од УНИАН.
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски претходно изјави дека секој ден гинат 60 до 100 украински, а подоцна рече дека таа бројка се движи од 100 до 200. Според Арахамија, тој број значително се зголемил во последните две недели.
Украинскиот дипломат додаде дека во украинската армија служат околу милион луѓе, а постои можност да се регрутираат уште два милиони. Арахамија вели дека вооружените сили на Украина имаат сила да ја продолжат битката, особено во Донбас.
Според него, во моментов она што им недостига се оружје и муниција.
– Имаме луѓе обучени за напад, за контранапад, но за тоа ни треба оружје, рече Арахамија.
Тој додаде дека и покрај замрзнувањето на официјалните разговори со Руската Федерација, телефонскиот дијалог продолжува: тие комуницираат со Русите еднаш или двапати неделно.
Според прогнозата на Арахамија, Руската Федерација целосно ќе го почувствува влијанието на западните санкции за три или четири години.
Ново на Сител
-

Најверојатно повторно ќе се намалуваат акцизите на горивата
-

Тема на денот со Коце Трајановски, директор на државни патишта
-

МВР го уапси Александар Лазаров од Кочани, кој преку прозорец избега од полициска станица
-

Преглед на вестите од светот
-

Расветлено убиството на д-р Ацо Трповски
-

Обвинение за поранешниот директор на СОЗР – приватно летал со владиниот авион и трошел државни пари
-

Полицајците не помагаа после пожарот во „Пулс“, тврдат сведоци
-

Мицкоски: Правдата е задоволена со враќањето на “Белата палата”
