Во болницата „8 Септември“ од утре во функција новата микробиолошка лабораторија

Во ЈЗУ Градска општа болница „8 Септември“ од утре ќе функционира новата лабораторија за микробиологија, во која ќе се вршат сите потребни бактериолошки и вирусолошки испитувања, а во најскоро време и современи генетски испитувања.
Министерот за здравство Венко Филипче рече дека со отворањето на новата лабораторија услугата ќе биде поблиску до пациентите, односно до сите граѓани кои доаѓаат во оваа институција.
– Дел по дел се надградува капацитетот на оваа болница. Пред неколку недели имавме претставување на една нова метода на интервенција со експертиза, за почеток од странство. Нашите лекари веќе се уходани во имплементирање на новата метода, а тоа е третман на метастатски болести на црниот дроб и дел по дел се зајакнува како инфраструктурно, така и знаењето, со цел оваа болница да може да ги пружи апсолутно сите интервенции, како што е тоа во рамки на Клиничкиот центар во Скопје, истакна Филипче.
Тој најави дека за следната година имаат во план уште неколку активности, кои, како што рече, се провлекуваат повеќе години, а се однесуваат на застарената инфраструктура и поради тоа од почетокот на 2020 година планираат голема акција за инфраструтуктурно подобрување на сите општи болници и здравствени домови и клиники таму каде што е потребно во рамките на јавниот здравствен систем.

– За почеток микробиолошката лабораторија ќе функционира за пациентите кои се во болничката установа, односно хоспитализираните пациенти, за да по околу две недели ќе биде отворена и за сите пациенти амбулантски третирани, истакна Костов.
Тој додаде дека сите анализи кои ќе се спроведуваат за пациентите ќе бидат под Фондот за здравствено осигурување.
Специјалист микробиолог во болницата „8 Септември“, Андријана Шумановска, рече дека лабораторијата е опремена со најсовремени машини и средства за функционирање, во почетокот ќе бидат овозможени сите бактериолошки испитувања, а во иднина ќе се работат и вирусолошки и молекуларни испитувања, како и најновите генетски испитувања што би можеле да се работат во самата лабораторија.
Во септември годинава во болницата „8 Септември“ беше пуштен во употреба новиот Кардиоваскуларен центар во оваа болница, а претходно се финализираше инсталацијата на нов линеарен акцелератор. Станува збор за врвна технологија за третман на малигните заболувања.
Ново на Сител
-

Шампионот Вардар казнет парично поради пиротехника од ФФМ
-

Уапсен разбојник од битолско, влегол во туѓ дом, го нападнал сопственикот и му одзел личен предмет
-

ЈП Лајка: Токсичниот инсектицид ланате е отровот што деца го пронајдоа во близина на детско игралиште во Кисела Вода, утврди Институтот за судска медицина
-

Приведени 23 возачи за безобѕирно управување возило, 21 возеле без возачка дозвола
-

СВР Скопје поднесе кривична пријава за случена сообраќајна несреќа во населба Илинден во која загина едно лице
-

Приведен 43-годишник од велешко, затекнат е при обид да изврши кражба во црква
-

Кривична за 30-годишник од Скопје, ја следел неговата поранешна девојка до нејзиниот стан и упатувал закани кон неа
-

Муцунски: Заложник сме на една некоректна и непринципиелна блокада на нашиот европски пат, тоа е она што сакаме да им го објасниме на нашите колеги во Бугарија
