-->
-->
Во болница завршија 731 војник поради труење со храна
-->

Поради труење со храна во воена база во Турција хоспотализирани се 731 војник, а 21 лице од компанијата што доставува храна во базата, се во притвор, изјави денеска обвинителот Акиф Челатин Шимшек.
Тој наведе дека е покрената истрага врз основа на примероците што се земени од заболените војници, како и од храната и водата во воената база што се наоѓа во провинцијата Маниса.
Никој од заболените не е во критична состојба.
Турскиот министер за одбрана Фикри Исик, кој отпатува за Маниса, изјави дека турското Министерство за одбрана склучило договор за соработка со компанијата што ја доставува храната.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Кривична пријава против осум лица од Виница и виничко за кривични дела во врска со бесправна сеча и транспорт на огревно дрво
-

МВР: Лишен од слобода скопјанец поради кражба на бакарни кабли во вредност од 200 000 евра
-

Во Чешка разбиена криминална група која шверцувала кокаин во торти
-

Физичка пресметка помеѓу пратениците во Парламентот на Турција
-

Во ГОБ „8-ми Септември“ повторно работи неврохируршката служба, оперирани двајца пациенти
-

Алиу на онлајн-состанок со странски експерти за кардиохируршки интервенции - процесот го водиме за независен стручен увид на состојбата
-

Словенечки вештак сведочи за несоодветни терапии во случајот „Онкологија“, судењето продолжува утре
-

Обезбедување украло бакарни кабли вредни 200.000 евра од градилиште во Центар
