Во Благоевград транспаренти „Македонија е бугарска“ | ФОТО
Благоевград е подготвен да го пречека Христијан Мицкоски. Ве повикуваме денеска на протест против провокациите на македонизмот во Пиринска #Македонија, сподели на својот Фејсбук профил Ангел Џамбаски, претседател на ВМРО.
„Да го развееме бугарското знаме во 11:00 часот на споменикот на Гоце Делчев за да се спротивставиме на антибугаризмот од српските марионети од Скопје.
Нашиот национален интерес мора да биде заштитен, затоа примарната задача на секој вистински Бугарин мора да биде со нас денес во Благоевград. Заедно мораме да го заштитиме сопственото минато, сегашност и иднина!“, додава тој.
ВМРО за денеска најави протест против отворањето на македонскиот културен центар, но според најавите тој нема да се одржи кај клубот „Никола Вапцаров“, туку на друго место во Благоевград.
Ново на Сител
-

Македонката Мартина Димоска дел од поддршката на Артемис 2 сведочи за очекувањата во НАСА
-

Владата со пакет мерки спречува раст на цената на горивата
-

Стратешки дијалог во Вашингтон
-

Јотова подготвува офанзива во Брисел против укинувањето на ветото во ЕУ
-

Одбележување на Велигден во Католичката црква и низ светот
-

На 1 септември стартува првата линија “Градски воз” од Зелениково до Транспортен центар
-

Компанија во Прилеп добивала тендери од поставување видео надзор
-

Аутизмот без систем, родителите оставени сами
