Во Битола вечер се доделува златна „Камера 300“ и завршува ИФФК „Браќа Манаки“
Со доделување на фестивалските признанија и награди, вечер во Битола завршува 42. издание на Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“.
Во големата сала на битолскиот Центар на култура, жирито предводено од Суки Меденчевиќ од Босна и Херцеговина и членовите Филип Бергсон од Велика Британија, Вим Ванакер од Белгија, Соња Просенц од Словенија и Димо Попов од Македонија, ќе доделат златна, сребрена и бронзена „Камера 300“, како и награда мала „Камера 300“ за кинематограферите кои конкурираа за престижните награди.
ИФФК „Браќа Манаки“ е уникатен фестивал, кинематограферите се во центарот на вниманието и се слави нивната умешност приказната да се раскаже низ слики, посочија избраните членови на меѓународното жири кои деновиве со цел свој капацитет и искуство ги оценуваа кинематограферите на филмовите во конкуренција.
Последна проекција на филмското платно во Битола ќе биде францускиот филм „Титаниум“, познатиот трилер – хорор филм на режисерката Jулија Дукурнaу и кинематограферот Рубен Импенс, најшокантниот филм за 2021 година и годинешен освојувач на престижната Златна палма во Кан.
Ново на Сител
-
173 санкции за брзо возење
-
Силјановска Давкова ќе се сретне со со евроамбасадорот Гир и италијанскиот амбасадор Силвестри
-
ЦУК: Забрана за движење кај стрелиштето „Леково“, пожари во Кавадарци и Велес
-
Путин во посета на Кина на 16 и 17 мај
-
Синдикатот на просветни работници во Србија в четврток ја прекинува работата во сите училиштата поради загрозена безбедност
-
Герапетритис: Бараме усогласување со Договорот од Преспа, не е прашање на самоопределување, туку почитување на договореното
-
Неексплодирана рачна бомба пронајдена на улица во Демир Капија
-
Четиринаесет жртви во бомбардирањето на станбена зграда во близина на бегалскиот камп Нусејрат