Во Битола се слави заштитникот на градот Свети Нектариј Битолски
Преспанско-пелагониската епархија и општина Битола денеска го слават 17 декември, денот на заштитникот на градот - Свети Нектариј Битолски.
Според востановената традиција и одлуката на општинскиот Совет за прогласување на Свети Нектариј Битолски за заштитник на градот, локалната самоуправа и Преспанско-пелагониската епархија со повеќе програмски активности ќе го одбележат денот на Свети Нектариј Битолски, македонскиот светец од 15. век, роден битолчанец кој својот живот го завршил на 5 декември во 1500 година, сметано според стариот црковен календар.
- Пригодната програма почнува утрово во 8.30 часот со литургија која ќе се одржи во црквата свети Великомаченик Димитриј, а потоа во 10.30 часот од оваа црква, низ улиците на Битола и на Широк сокак ќе се одржи литија. Напладне во општината ќе се одржи традиционалната средба меѓу градоначалникот Владимир Талески и митрополитот преспанско-пелагониски и администратор австралиско-новозеландски г. Петар, а во 18 часот во битолскиот театар ќе бидат емитуван документарниот филм, а црковните хорови „Свети Нектариј Битолски“-Битола, „Света Петка“-Прилеп и „Свети Ахил Преспански“-Ресен ќе изведат програма со духовна музика, информираа од битолската локалната самоуправа.
Според преданијата, македонскиот светец учел од своите учители Дионисиј и Филотеј кои го замонашиле и од нив го добил името Нектариј. Својот богоугоден живот го живеел и завршил на Света Гора, а пет години по неговата смрт, неговите ученици и следбеници го отвориле неговиот гроб за да му ги пренесат моштите и забележале дека тие не биле распаднати, а потоа ги положиле во ковчег на кој што бил направен релјеф со неговиот лик. Ковчегот со моштите на Свети Нектариј Битолски и денес се чува на Света Гора.
Ново на Сител
-
Рама: Мигрантите нема да смеат да излезат од кампот во Ѓадр
-
Фетаи: Замрзнувањето на балансерот нема да спречи нови вработувања
-
Фетаи: Во Академијата за судии и јавни обвинители веќе нема да има политизираност
-
Наутро ладно, преку ден топло - заладување од четврток
-
Поддршка од стотина членки на ОН за Гутереш откако Израел го прогласи за непожелен
-
Макрон: Хезболах веднаш да ги прекине нападите врз Израел
-
21 година од смртта на Ѓорѓи Колозов
-
Македонските фудбалери вечерва играат против Ерменија