Во Битола се одбележува Денот на албанската азбука
Централна свеченост по повод 107- годишнината од формирањето на албанската азбука, ќе се одржи вечер во Битола.
Како што е познато, на 22 ноември 1908 година, во градот под Пелистер, група албански интелектуалци од регионот, на познатиот Битолски конгрес донесоа одлука за утврдување и усвојување на албанската азбука.
- Деновиве одржавме повеќе пригодни манифестации, научни трибини и средби посветени на големиот празник. Во Музејот на албанската азбука-Битола престојуваа бројни гости од Македонија, Албанија, Косово и други држави во регионот кои ја погледнаа постојаната изложбена поставка, публикациите и фотографиите од далечната 1908 година кои сведочат за одлуката на албанските интелектуалци. Токму во нивна чест ќе бидат изработени восочни фигури – проект кој е во завршна фаза и е поддржан од Владата на Република Македонија, истакна во пресрет на вечерашниот настан, Нуер Арслани, директор на НУ Музеј на албанската азбука-Битола.
Според програмата, вечер во големата сала на НУ Центар за култура-Битола, по пригодните обраќања, ќе се одржи целовечерен концерт на албанската филхармонија од Тирана која ќе настапи под диригентство на маестро Едмонд Доко.
Согласно Законот за празниците на РМ, 22 ноември Денот на албанската азбука, е неработен ден за припадниците на албанската заедница во Република Македонија.
Ново на Сител
-
Со нож ја убил сопругата во Струга па се обидел да се самоубие
-
Од 66-та седница на Владата: Донесен шестиот пакет антикризни економски мерки
-
Владата потврди: Постојните мерки за ограничување на движењето се продолжуваат за уште една недела
-
Влада: Пензионерите ќе ги добијат пензиите пред празниците
-
Заев: Од почетокот на кризата Владата носи сеопфатни мерки за стопанството и граѓаните
-
ЕУ не се откажува од прва меѓувладина конференција со Македонија до јули
-
ЈСП: Јавниот превоз ќе продолжи да функционира до 20:00 часот
-
ЕМА: Случаите на тромбоза по вакцинација ќе се следат повнимателно