-->
-->
Во Битола се чисти коритото на реката Драгор
-->

Општина Битола во соработка со јавното комунално претпријатие „Нискоградба“ почна со акцијата за расчистување на коритото на реката Драгор.
Станува збор за потегот од железничкиот мост до мостот пред базата на ГД „Гранит“ кој е во должина од еден километар, информираат од јавниот комунален сервис „Нискоградба“-Битола.
- Расчистувањето на коритото на реката Драгор ќе се врши два месеца. За оваа интервенција имавме барање од локалното население и поддршка од локалната самоуправа која ги обезбеди потребните финансиски средства. Според првичните проценки, во овој дел на речното корито има околу 17 метри кубни отпад кој го фрлаат несовесни граѓани и затоа апелираме коритото да го одржуваат граѓаните почитувајќи ги комуналните одлуки во градот, истакна Кире Крстевски, директот на ЈКП „Нискоградба“-Битола.
Од општина Битола најавуваат изградба на колекторски систем за собирање на отпадни води кој ќе се реализира во 2017 година, чија вредност е 23 милиони евра, а за што поддршка се очекува од неколку министерства и од фондовите на ЕУ.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Одлуката на Г7 за ослободување нафта и дизел од резервите само привремено ќе ги намали цените на горивата, сметаат експерти
-

Рама: Европската Унија ја лаже Украина
-

Зеленски: Украина ќе ги засили нападите врз руските рафинерии за нафта
-

Утре посебен режим на сообраќај поради Скопскиот маратон
-

Тројца основци нападнати за време на училишен излет во Сарај
-

Починат 60-годишник пронајден на автобуска постојка во Драчево
-

Силувал девојче под 15 години, го снимал чинот и ја уценувал - кривична за малолетник од Скопје
-

Мицкоски за Изборниот законик: Левица, СДСМ и ДУИ нека дојдат со предлог, ние сме за гласање на дијаспората
