Македонија
7. July 2015 - 9:16

Во Битола се чисти коритото на реката Драгор

Општина Битола во соработка со јавното комунално претпријатие „Нискоградба“ почна со акцијата за расчистување на коритото на реката Драгор.
 
Станува збор за потегот од железничкиот мост до мостот пред базата на ГД „Гранит“  кој е во должина од еден километар, информираат од јавниот комунален сервис „Нискоградба“-Битола.
 
- Расчистувањето на коритото на реката Драгор ќе се врши два месеца. За оваа интервенција имавме барање од локалното население и поддршка од локалната самоуправа која ги обезбеди потребните финансиски средства. Според првичните проценки, во овој дел на речното корито има околу 17 метри кубни отпад кој го фрлаат несовесни граѓани и затоа апелираме коритото да го одржуваат граѓаните почитувајќи ги комуналните одлуки во градот, истакна Кире Крстевски, директот на ЈКП „Нискоградба“-Битола.
 
Од општина Битола најавуваат изградба на колекторски систем за собирање на отпадни води кој ќе се реализира во 2017 година, чија вредност е 23 милиони евра, а за што поддршка се очекува од неколку министерства и од фондовите на ЕУ.