Македонија
25. December 2022 - 20:16

Во Битола санкционирани 73 возачи кои возеле со брзина поголема од дозволената

 Вкупно 73 возачи се санкционирани денеска во Битола поради возење со брзина поголема од дозволената, информираат од Министерството за внатрешни работи.

При засилената акциска контрола на МВР за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, денеска во периодот од 14 до 18 часот, на територијата на СВР Битола, се казнети 57 возачи, кои ја пречекориле брзината во населено место, а 16 надвор од населено место.

Од МВР велат дека на сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци и потсетуваат дека засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.

– Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, велат оттаму.