-->
-->
Во Битола почнува вакцинацијата против сезонски грип
-->

ЈЗУ Центар за јавно здравје-Битола денес почнува со вакцинација против сезонски грип за чија реализација во оваа фаза обезбедени се 3.800 вакцини.
Од ЈЗУ Центар за јавно здравје-Битола информираат дека вакцинација против сезонски грип ќе се врши за населението во општините Новаци, Могила, Кичево, Демир Хисар и Ресен, односно на територијата за која има надлежност овој Центарот.
- За подрачјето на општините Битола, Могила и Новаци обезбедени се 2.600 вакцини, за Кичево - 700 вакцини, за Демир Хисар – 200 и за општина Ресен - 300 вакцини. Вакцината ги поседува сите потребни сертификати, стручни оценки на квалитет, како и одобрение за пуштање во промет од Бирото за лекови на Република Македонија. Вакцината е со унифицирана цена од 400 денари на целата територија на Република Македонија, истакна Елизабета Крстева, в.д. директор на ЈЗУ Центар за јавно здравје-Битола.
Вакцината се употребува за активна имунизација и профилакса на епидемичен грип предизвикан од вируси. Особено се препорачува кај лица со зголемен ризик за заболување од грип и можни компликации од грип.
- Вакцината е за лица со и над 65 годишна возраст, возрасни и деца над шест месеци со хронични заболувања на белодробниот или кардиоваскуларниот систем, вклучувајќи и деца заболени од астма, возрасни и деца над шест месеци со намален имунитет, лица на кои им е потребен постојан медицински третман или хоспитализирање заради хронични метаболни болести, цистична фиброза, ренални пореметувања, имуносупресии, но и лекари, медицински сестри, персонал во болница и останати јавни службеници, кои доаѓаат во контакт со лица со зголемен ризик од грип, посочи Крстева.
Од ЈЗУ Центар за јавно здравје-Битола информираат дека вакцинација против сезонски грип не треба да ја примаат лица алергични на јајца и пилешки протеини, лица со покачена температура или акутна инфекција во моментот на апликацијата на вакцината и лица со акутни влошувања на хронична болест.
Вакцинацијата ќе се врши секој работен ден почнувајќи во терминот од 07.30 до 18.00 часот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со министерката за образование и наука, Весна Јаневска
-

САД ке ја предводи истрагата за инцидентот на „Рајанер“ што се случи на македонското небо
-

Власта и опозицијата се обвинуваат кој не сака нов Изборен законик
-

Утре во Собрание владината реконструкција
-

Владината кошничка ќе биде усвоена следната недела на ЕСС
-

Високите температури го зголемија ризикот од труење со храна - на инфективна секојдневно имаат пациенти
-

За 30% зголемен бројот на повици во Итната помош Прилеп, недостасува кадар од сите профили
-

Овчата сипаница го пустоши сточниот фонд
