Во Битола отворена изложба на ретки егозтични птици

Здружението на одгледувачи ретки егзотични птици „Билбил“ од Битола со поддршка на локалната самоуправа отвори изложба на ретки егзотични птици.
Коста Нешковски, член на здружението „Билбил“ информира дека во малата сала на НУ Завод и Музеј-Битола изложени се 170 ретки птици, папагали, канаринци, вкрстени сорти на птици, како и куќички за птици.
- Изложбата е со ревијален карактер и може да се видат птици кои често сме ги гледале само на телевизија или во некој албум за сликички, а овој пат во живо. Посетителите најмногу се задржуваат кај тигрестиот папагал и кај канаринците, но и кај другите ретки птици. Со оглед дека изложбата се одржува по втор пат, очекуваме истата да прерасне во традиционална, а на која ќе бидат изложувани уште поголем број на ретки егзотични птици, посочи Нешковски.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Зоран Јовановски, економист
-

Перпарим Бајрами се предаде на полицијата по речиси две години бегство
-

Истражување - Македонските ученици се полуписмени
-

Мицкоски: Сите настани за независноста ги чинеа граѓаните нула денари
-

Мицкоски и СДСМ во нова политичка препирка по пораката за „талогот“
-

Нафтата надмина 100 долари за барел - премиерот најави мерки, ако поскапувањето на горивата продолжи
-

Пола милијарда долари во зелена енергија
-

Михаил спаси семејство од давење
