Во Битола меѓународна научна конференција за „Образованието на крстопат“
Македонското научно друштво-Битола, меѓународниот ден на науката ќе го одбележи со Меѓународна научна конференција на тема „Образованието на крстопат – состојби, предизвици, решенија и перспективи“.
Според професорот Деан Илиев, претседател на програмскиот комитет, мотивите за одржување на конференцијата се поткрепени со претходни истражувања за состојбите во образованието во државата и регионот.
- Образованието е двигател на општеството и затоа се одлучивме да обработиме тема која ќе ни овозможи да се движиме по вистинскиот пат и да го развиваме нашето образование. Конференцијата на секој учесник ќе му кариерен развој бидејќи во програмскиот комитет учествуваат 32 експерти од 10 држави, односно од Швајцарија, Полска, Шпанија, Хрватска, Азербејџан, Србија, Словенија, Бугарија, Босна и Херцеговина и од Македонија, истакна Илиев.
Меѓународната научна конференција се организира во соработка со Педагошкиот факултет Битола при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ Битола, Учителскиот факултет во Белград при Белградскиот универзитет, Факултетот за образование на наставници при Универзитетот во Загреб, Педагошкиот факултет при Универзитетот во Марибор, Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски“ Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ Скопје, Факултетот за образовни науки при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, Високата школа за струковни студии за воспитувачи „Михаило Палов“ во Вршац при Белградскиот универзитет и Високошколско средиште Ново Место.
- Со конференцијата која ќе се одржи на 10 и 11 ноември, ќе се овозможи директен придонес за образовните процеси во државата и истовремено ќе продолжи етаблирањето на МНД-Битола во меѓународните научни кругови. Фактот што конференцијата е поддржана од МАНУ дополнително ја потврдува референтноста на овој настан, потврди претседателот на МНД-Битола, Марјан Танушевски на денешната прес конференција во овој град.
Ново на Сител
-
Протест за смртта на Фросина
-
Има ли одговорност кај обвинителството и судството?
-
Бојкот на маркетите поради високите цени
-
Македонија платила над 7 милијарди евра за увозна храна за 10 години, додека младите „бегаат“ од земјоделие
-
Поскапува парното во Скопје - РКЕ донесе одлука за зголемување на цената за 5 отсто
-
Од понеделник парите од Унгарскиот кредит достапни за фирмите
-
Граѓаните на протест на Партизанска бараат одговорност од обвинителствтото и судството
-
Во живо од терен - дали граѓаните ги бојкотираат маркетите?