Македонија
8. March 2017 - 20:13

Во Битола марш „За заедничка Македонија“

Битолчани и вечерва продолжија со континуираните протести и марш по Широк Сокак инициран од граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“.

На плоштадот „Магнолија“ Џеват Џеловски од здружението на граѓани „Ромска ѕвезда“ посочи дека Македонија е пример за демократска држава.

- Даваме поддршка за унитарна Македонија, за братство и единство. Македонија е пример за демократска држава, рече Џеловски.

Битолскиот уметник Никола Трајковски потенцира дека Македонија никому не скратила никакво право и затоа, како што рече, да се почитуваме самите себе си како што ги почитуваме другите. Да го чуваме нашиот идентитет и интегритет.