Во Битола ќе се врши вонредно заловување на кучиња скитници во центарот на градот
Прифатилиштето „Хачико“ кое работи во состав на ЈП „Комуналец“-Битола на вонреден состанок и во соработка со надлежни институции одлучи да изврши вонредно заловување на кучиња скитници во центарот на градот а со цел заштита на граѓаните и зголемениот број на туристи во Битола.
Акцијата на ЈП „Комуналец“ доаѓа по најновиот немил настан во центарот на Битола кога куче скитник нападна две годишно дете, а претходно идентичен инцидент се случи и на друго дете од овој град.
-Во текот на изминатите две недели бевме сведоци на неколку немили настани предизвикани од напад од бездомно куче, кои не потресоа сите нас и целата битолска јавност и покрај сите заложби на прифатилиштето да дејствува согласно законските прописи. На денешниот состанок ги разгледавме сите законски можности и начини со кои кучињата безбедно ќе се отстранат од улица и ќе се сместат во прифатилиштето, но за жал, согласно законот во ваквото делување сме премногу ограничени.
Во соработка со инспектор од Агенцијата за храна и ветеринарство и ветеринарните клиники, денес ги донесовме следните насоки за постапување, а тоа се повторно заловување на кучината од критичните локации од пријавите со цел заштита на граѓаните, заловување и времено чување на кучињата во прифатилиштето од центарот на градот, односно на Широк Сокак, Градски парк, Саат кула и Офицерски дом заради зголемениот број на туристи, а на иницијатива на градоначалникот ќе се воспостави зголемена координација со СВР Битола, за зголемени контроли на критичните точки каде постои сомнеж дека се испуштаат кучиња од околните населени места или општини, соопштија од „Хачико“-Битола.
Во периодот од отворањето на прифатилиштето, процесот на стерилизација и кастрација го имаат поминато повеке од 200 кучиња што преставува повеке од 25 насто, посочија од „Хачико“.
Ново на Сител
-
Македонските одбојкари поразени од Грција
-
Путин и Трамп телефонски разговараа за израелско-иранскиот судир и Украина
-
Индија зaпочнa вoнредна инспекција на сите Бoинг 787 по смртoнoснатa aвионскa несреќa
-
Израелски дрон предизвика пожар на најголемото гасно поле во Иран
-
Синер: По загубениот трофеј на Ролан Гарос, ги посетив моите родители и играв пинг-понг со пријателите
-
Голем пожар во Дубаи: Гореше небодер со 67 ката, евакуирани речиси 4.000 луѓе
-
Најавени масовни протести против Трамп во неколку градови во САД
-
Двајца повредени македонски државјани во сообраќајна несреќа во Албанија