Во Битола ќе биде откриен мурал по повод 30 години од македонско-австралиските дипломатски односи

Во Битола, денеска ќе биде отриен мурал во рамки на активностите на Австралиската амбасада за одбележување на 30 години од билатералните односи со Република Северна Македонија.
Според Амбасадата на Австралија за Северна Македонија, муралот е дело на австралискиот уметник Финтан Скот Меги, и претствува симбол на долгогодишното пријателство меѓу двете земји.
За прославата на 30 години билатерални односи Австралиската амбасада организираше и изложба на автохтона уметност во Музејот на современа уметност.
По повод 30-годишнината од воспоставувањето дипломатски односи меѓу Австралија и Македонија, во Скопје се одржува и краток дводневен Фестивал на австралискиот филм во соработка со Кинотеката.
Вчера беше прикажан австралискиот филм „Домаќинство за почетници“ (Housekeeping for Beginners) на истакнатиот македонско-австралиски филмски режисер Горан Столевски, а денеска, публиката ќе има можност да ја погледне комедијата „Дворска пепел“ (Backyard Ashes) од Марк Грентел и да дознае повеќе за тоа колку крикетот им значи на Австралијците.
МИА
Ново на Сител
-

Стратешки дијалог со САД
-

Тема на денот со Синиша Наумоски, универзитетски професор
-

Роботска хирургија во клиничката болница „Аџибадем Систина“
-

Стратешки дијалог со САД
-

Мартовската инфлација е 4,9%, Мицкоски најавува таргетирани мерки
-

ССМ на протест за поголеми плати
-

Уапсени 8 дилери на кокаин
-

ОТА: Во 2025 прислушувани 259 комуникации, најголем број по барање на МВР
