Во Бигорскиот скит во Битуше чествување за светите рамноапостоли Кирил и Методиј

Во присуство на поголем број верници, Бигорското братство, заедно со сестринството од Рајчица, во спомен на светите рамноапостоли Кирил и Методиј беше одржана литургија во Бигорскиот скит посветен на светите браќа во долнореканското село Битуше.
Игуменот на Бигорскиот манастир, архимандрит Партениј, веднаш по читањето на Светото Евангелие одржа слово посветено на светите рамноапостолни Кирил и Методиј, просветителите на, како што рече, не малобројните словенски народи.
-Денес го славиме споменот на двајца величествени наставници на верата Божја среде словенските и многу други народи, празникот на двајца богопросветлени проповедници, Светите рамноапостолни Кирил и Методиј, коишто, имајќи го вдахновението на Духот Свети, успеале половина Европа и делови од Азија да ги приведат кон светлината Христова, кон животворното Словото Божјо. Задачата на овие двајца духовни мажи била невозможна, нивниот подвиг – неверојатен! Потребно било сосема да се вложат себеси, како жртва жива, во темелите на новата Црква, а тоа подразбирало што друго ако не доброволно распетие, рече Архимандрит Партениј.
Бигорскиот скит, по инцијатива на анхимандрит Партениј, почна да се гради пред пет години, а се наоѓа во подножјето на планината Дешат, над селото Битуше.
По литургијата во дворот на скитот одекна писокот на зурлите и екот на тапаните на потомците на познатите „Мајовци“, по што во оро се фатија верниците, поранешни жители од селото и нивни потомци, како и верници од соседните села, од Дебар и други места од државава.
Ново на Сител
-

Во Собранието седница за поставување пратенички прашања
-

Дваесет и две години од загинувањето на претседателот Борис Трајковски
-

Сончево со слаб ветер, температура до 16 степени
-

Собранието ги донесе законите со кои се намалуваат платите на пратениците и избраните и именувани лица
-

Од лидер на средношколците до вицепремиер | Александар Николоски | Sitel Podcast 140
-

Апелација пресуди во корист на Анѓушев, одбиена жалбата на ИРЛ
-

Силекс полуфиналист во фудбалскиот Куп на Македонија
-

Владата на Швајцарија ќе им исплати по 56.000 долари на жртвите во пожарот во Кранс-Монтана
