Во библиотеката „Искра“ во Кочани прогласени најдобрите читатели за 2016 година
Јавната општинска установа библиотека „Искра“ од Кочани ги прогласи најдобрите читатели за годинава во категоријата возрасни и деца. Во категоријата возрасни за најдобар читател е прогласен Методи Голубов, а во категоријата деца Милена Глигорова.
- Во Библиотеката оваа година беа запишани над 2.000 членови, и истата беше плодна на планот на работата пред се во омасовувањето на членството. Библиотеката во текот на целата година ги следеше сите тековни активности на издавачките куќи во државата и беа набавувани сите најбарани наслови од читателите. Успешно го организиравме Саемот на книгата на кој свои дела излагаа 12 издавачки куќи од Македонија. Беа реализирани голем број промоции на книги, изложби и средба со најмладите читатели, изјави библиотекарот Илија Захариев.
Посочи дека годината ја оценуваат како мошне успешна и нагласи дека е направен попис на книжниот фонд во библиотеката и во Подрачната библиотека во населбата Оризари. За наредната година се најавува набавка на нови наслови и збогатување на книжниот фонд на библиотеката и опфат на нови читатели од различни категории граѓани.
Ново на Сител
-
Калаc: САД сакаат кавга со ЕУ
-
Намален прометот во индустријата
-
Почина гинекологот и акушер проф. д-р Јован Јуруковски
-
Уапсен 47-годишен од с.Дражево, нападнал човек со остар предмет
-
Кривична против две лица од Кочани поради користење на туѓа дебитна картичка
-
Нападната 46-годишна жена на нејзиното работно место во Скопје
-
Кривична за 33-годишен штипјанец, нудел пари да се запали возило на друго лице
-
Трошоците на живот во јануари на годишно ниво повисоки за 4.9 %, а цените на мало за 5.2 %.