-->
-->
Во библиотеката „Другарче“ 41. меѓународна изложба „13 Ноември“
-->
Во библиотеката „Другарче“ денеска ќе биде отворена традиционалната 41. меѓународна ликовна изложба „13 Ноември“. Покровители се Градот Скопје, Детскиот ликовен центар и Здружението на ликовни педагози.
Од пристигнатите над 3.000 творби изложени ќе бидат најуспешните 250 од кои 130 ќе бидат наградени со дипломи и признанија.
Наградите за младите уметници од странство и благодарниците од претставникот на град Скопје и Детскиот ликовен центар ќе ги примат советниците за култура од амбасадите на Бугарија, Хрватска, Србија, БиХ, Црна Гора и Словачка.
Доделени ќе бидат и награди и признанија за младите уметници од Македонија на возраст од 5 до 18 години, од предучилишните установи, основните и средните училишта.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Македонија води на полувреме против Словенија
-
Без струја утре делови од Аеродром, Центар и Ѓорче Петров
-
Челси не сака да го задржи Санчо
-
Стани мастер на својот ум | Кристина Дескоски | Личен развој | Sitel Podcast 085
-
Обвинителството соопшти дека поради намален ризик од бегство Јахоски добил куќен притвор во случајот за набавка на мазут
-
Жена удрила 18-годишно девојче со автомобил, па избегала
-
БНД: Коронавирусот потекнува од лабораторија во Вухан
-
Приведен 74-годишен маж од Скопје, бил агресивен кон полицајци