Во Берово утрово минус три, во Крушево, Виница, Гевгелија измерени шест степени Целзиусови
Во Берово утрово е најстудено со измерени - 3 степени, најтопло е во Крушево, Виница и Гевгелија со измерени шест степени Целзиусови.
Во Битола и Лазарополе се измерени 0 степени, 1 во Струмица и Тетово, 2 Крива Паланка, Маврови Анови, Скопје-Петровец и Демир Капија, 3 степени Целзиусови во Прилеп, Штип, 4 во Претор, Попова Шапка, Велес, Кавадарци и 5 степени во Охрид, Скопје-Зајчев Рид.
Утринава по котлините понекаде има слаба магла или ниска облачност особено во Полошко, Скопје, Куманово и на југозападот.
Времето денеска - наутро по одделни котлини ќе има услови за појава на магла или ниска облачност. Преку денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец, особено изразен преку ноќта кон недела. Максималната температура ќе достигне од 20 до 26 степени.
Во Скопје наутро во делови од котлината ќе има услови за појава на слаба магла, а преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец кој во делови од котлината повремено ќе засилува. Максималната температура ќе достигне до 24 степени.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Гордан Јорданов од ОМД
-
Научник кој живеел и работел во Нови Сад е Македонецот кој загина на железничката станица
-
Освен „шминка“, потребна е проверка и на стабилноста на објектите
-
Полицијата уапси еден од напаѓачите по синоќешното пукање во Арачиново
-
Убиство во Штип
-
Се интензивираат работите за изградба на автопатот Прилеп-Битола
-
Мицкоски му одговори на Ахмети - Наместо за избори, подгответе се за одговорност
-
СДСМ бара поддршка за законските измени