-->
-->
Во Берово поставена спомен плоча за македонските бранители
-->

На влезот на спортската сала во Берово која го носи името „Македонски бранители“, денеска беше поставена спомен-плоча на која се испишани имињата на четворицата бранители од Берово кои во конфликтот во 2001 година го изгубија својот живот, Љупчо Мирчовски, Димитар Двојаковски, Зоран Бубевски и Никола Пехчевски.
Спомен-плочата ја откри градоначалникот на Општина Берово, Драги Наџински, кој истакна дека нивното дело никогаш нема да се заборави во Берово.
-Почитта кон нив останува засекогаш, а преку оваа спомен-плоча нивното дело останува вечно, а нивните имиња остануваат вечно испишани во македонската историја и борба, рече Наџински.
На свеченоста присуствуваа поголем број гости, како и роднини и пријатели на бранителите, а на спомен-плочата свежо цвеќе положија делегација од Општина Берово, Советот на Општина Берово и претставници од политички партии и здруженија на граѓани.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Мицкоски: Ние сме подготвени за разговори, со гаранции од ЕУ
-

Отворен базен во близина на „Партизан Карпош“
-

Прв џез фестивал во Струмица
-

Седум и пол години затвор за жената која ги уби сопругот и свекорот во Кратово
-

Охрид ја прослави европската титула на ГРК Охрид
-

Муртезани за Сител: Со Кошта ќе се разговара за планот за раст и Реформската агенда
-

Фетаи поднесе оставка
-

Фетаи поднесе оставка
