Во Берово отворен јавен повик за учество во општинско-корисна работа
Во Берово отворен јавниот повик за учество во програмата Општинско-корисна работа. Оваа година право на учество во програмата „Од акција до еднакви можности,“ имаат евидентирани невработени лица, Роми и корисници на гарантирана минимална помош и лица со попреченост. Своето учество заинтересираните можат да го пријават во Агенцијата за вработување-Центар за вработување Берово, најдоцна до 30 август годинава, информира Ѓоко Пеовски, координаторот во програмата.
-Работните позиции кои се опфатени со овој оглас се однесуваат на ангажирање на патронажни/мобилни негователи, неговател на лице со посебни потреби, образовен помошник, училишен аниматор, музички соработници и геренто-домаќин. Предност за учество во овој циклус на Општинско-корисна работа ќе имаат лицата кои прв пат се јавуваат за учество во оваа програмата, информира Пеовски.
За учество во програмата на кандидатите кои ќе бидат избрани, како што додава, ќе им биде исплатен паричен надоместок за работно ангажирање во висина од 9.000 денари месечно, со вклучени данок на личен доход и осигурување за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа и професионална болест.
Согласно јавниот повик за периодот додека лицата се работно ангажирани преку програмата „Општинско-корисна работа“, тие не го губат статусот на невработено лице, при што се должни редовно да се јавуваат во Агенција за вработување – Центар за вработување Берово со цел почитување на обврските согласно законот. На невработените лица – корисници на социјална помош за времетраење на работниот ангажман ќе им биде активно правото на користење на социјална помош.
Ново на Сител
-
Со сослушување на обвинетите продолжува судењето за убиството на Вања и Панче
-
Без вода дел од корисниците од улицата „Востаничка“
-
Почнуваат активностите за повторно отворање на граничниот премин „Маркова нога“
-
Трамп: Нападите врз продажните места на „Тесла“ ќе бидат означени како домашен тероризам
-
ЕУ воведува контра царини за американски стоки во вредност од 26 милијарди евра
-
Облачно и топло, попладне врнежи од дожд
-
Русија не исклучува контакти со САД во наредните денови
-
ЕУ ја поддржува иницијативата за мир во Украина, Лондон повикува на акција