-->
-->
Во Берово одбележан Денот на ослободување
-->

Во Берово денеска се одбележа Денот на ослободување на градот - 23 август. По тој повод делегации од Општината, Советот и претставници на политички партии и здруженија на граѓани положија цвеќе на споменикот на паднатите борци по што беше одржана свечена седница на Советот на општина Берово.
Градоначалникот Наџински на свечената седница на Советот истакна дека Берово го продолжува патот зацртан од луѓето кои ја трасираа слободата, а Општината работи во интерес на граѓаните со цел да создаде услови за подобар живот на граѓаните на Берово и европски услови за развој на туризмот.
- Досега се реализирани 90 отсто од планираните проекти од мојата програма, а сите проекти се по барање на граѓаните за решавање одредени проблеми. Подобрувањето на патната инфраструктра носи побрз проток на стока и луѓе, се реализираат капитални инфраструктурни проекти се врши реконструкција, но и изградба на нови патишта. За најповолно финансирање на овие проекти, Општина Берово и понатаму ќе продолжи со соработка со светските инситуции, рече Наџински.
На свечената седница беа доделени и благодарници за институциите и поединците кои придонесуваат за равој на општината.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

ВМРО ДПМНЕ со предлог закон - пратеник да има само македонско државјанство
-

Тема на денот Бојан Стојаноски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ
-

80 години Драмски театар
-

Минчев: Модерна јавна администрација за побрза интеграција во ЕУ
-

Владата одлучи: Вештачките ѓубрива со маржа до 5%, органските до 10%
-

Укинувањето на Пржинската влада влезе во Собрание
-

Што ќе испорача собранието за ЕУ по политичката влада во Софија?
-

Фетаи не доаѓа во Влада - Алиу вели: Не е во државата
