Во Берово најстудено, -6 степени
Во Берово утрово е измерена најниска температура од -6 степени Целзиусови. Следат Прилеп со -4, -3 во Скопје-Петровец, Струмица, Демир Капија, Тетово и во Битола, -2 во Велес, -1 Кавадарци, Штип, Скопје-Зајчев Рид, Гевгелија, 0 Претор, Попова Шапка, Маврови Анови, 2 Виница и 3 степени во Крушево, Крива Паланка и во Охрид.
Времето денеска, утрово студено со појава на магла по одделни котлини. Преку денот променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови ќе има повремен локален дожд. Максималната температура ќе достигне од 8 до 16 степени.
Во Скопје наутро во делови од котлината со појава на магла. Преку денот променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Максималната температура ќе достигне до 13 степени.
Ново на Сител
-
Тема на денот со деканот на Факултетот за земјоделски науки и храна, Миле Маркоски
-
Европските лидери во Лондон бараат решение за крај на војната во Украина
-
Анализа: Ќе излезе ли Европа единствена по Лондонскиот самит за Украина?
-
Владата нема да ги плаќа придонесите за минималецот
-
Трибина: Како станавме увозно зависни за храна?
-
По 23 пат во Прилеп „Карневал Прочка“
-
Наместо месечно или парцијално државата годишно ќе го набавува лекот Tрикафта за Цистична фиброза
-
Фатени 15 рибокрадци само во месец јануари