Во Белорусија на референдум одобрен нов устав кој дозволува нуклеарно оружје
На вчерашниот референдум во Белорусија е одобрен новиот устав со кој земјата се откажува од својот ненуклеарен статус, во време кога поранешната советска република стана почетна точка за руските трупи кои ја напаѓаат Украина, јавија руските новински агенции.
Агенциите ја цитираа белоруската Централна изборна комисија која соопшти дека 65,2 отсто од луѓето кои излегле на референдумот гласале „за“.
Новиот устав дозволува нуклеарно оружје на белоруска територија за првпат откако земјата се откажа од него по распадот на Советскиот Сојуз.
Западот претходно најави дека нема да ги признае резултатите од референдумот, кој се одржува во екот на општа пресметка со белоруската опозиција и противниците на власта на Лукашенко. Според активистите за човекови права, во Белорусија во моментов има повеќе од илјада политички затвореници.
Референдумот предизвика антивоени протести во неколку градови при што се приведени најмалку 290 лица, соопштија активисти за човекови права.
Во изјава на избирачко место, Лукашенко вчера рече дека може да побара од Русија да и го врати нуклеарното оружје на Белорусија.
– Ако (Западот) пренесе нуклеарно оружје во Полска или Литванија, до нашите граници, тогаш ќе му се обратам на Путин да го врати нуклеарното оружје што го дадов без никакви услови, рече Лукашенко.
Ново на Сител
-
Мицкоски ги повика турските компании да аплицираат за унгарскиот кредит
-
Мицкоски: Ако ги изгубиме локалните веднаш ќе одиме на предвремени избори
-
ДСЗИ ќе проверува дали Детска го решила проблемот со дежурстрвата на специјализантите
-
Дијабет центар во Прилеп
-
Субвенции за сончоглед
-
Преглед на вестите од светот
-
Трет обид за ликвидација на Раде Трајковски Штекли - Фрлена бомба во двор на неговата куќа
-
Собранието ја стартува расправата за буџетот, поднесени над 300 амандмани