Во Белгија помина врвот на новиот бран на коронавирусот
Белгија го помина врвот на есенскиот бран на пандемијата на коронавирусот и се симна од врвот на списокот на земјите на ЕУ со најтешка епидемиолошка состојба, односно најголем број на заразени лица по глава на жител.
Белгија со 1.333 заразени на 100.000 жители, сега е зад Чешка (1.551) и Луксембург (1.459).
Зад Белгија се Словенија и Лихтенштајн со над 1.000 заразени на 100.000 жители, додека последна во ЕУ според бројот на заразени со Ковид-19 е Финска со 53 заразени на 100.000 жители.
Белгиските здравствени власти истакнаа дека по воведувањето на вонредните мерки за затворање, бројот на новозаболени и хоспитализирани во Белгија полека почна да се намалува, но притисокот врз единиците за интензивна нега продолжува и бројот на смртни случаи „значително се зголемува“.
Белгија бележеше просечно по 10.500 новозаразени секој ден во текот на изминатата недела, што е намалување за 35 проценти во споредба со претходната недела. Од 29 октомври до 4 ноември, во просек имало 165,3 смртни случаи дневно, што е зголемување за 66,4 проценти во споредба со седмицата од 22 до 28 октомври.
Во последните 24 часа во земјата починале 199 лица, со што вкупната бројка на смртни случаи од почетокот на пандемијата достигна 12.907.
Ново на Сител
-
Мисајловски: Ќе ги скратиме непродуктивните трошоци, за пензионерите ќе има 5.000 денари покачување на пензиите
-
Во Украина 50.150 лица се водат како исчезнати
-
ОН: На Хаити е катаклизмична ситуацијата
-
Бела куќа: САД испратија писмено предупредување на Русија за нападот во Москва, бесмислица е тврдењето за вмешаност на Украина
-
МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата
-
ВМРО-ДПМНЕ ги потврди листите за пратеници
-
Зеленски: Русија планира голема офанзива во наредните месеци
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка