-->
-->
Во Белгија изречени казни против патници за лажни потврди за Ковид
-->
Вкупно 11 лица се осудени во Белгија поради лажни патни сертификати за Ковид, објавија локалните медиуми. Изречените казни се затвор од шест до осум месеци и парична казна до 2.000 евра.
Од вкупно 820 откриени случаи на измама, 80 отсто од фатените доброволно се согласиле да платат казна од 750 евра. Останатите 160 патници ја одбиле казната и се изведени пред суд.
Најголем дел од осудените добија казна затвор од шест месеци и парична казна од 1.600 евра. За еден од обвинетите, кој претходно бил казнет за фалсификување исправи, казната е осум месеци затвор и 2000 евра.
Како што пренесуваат локалните медиуми, сите обвинети биле фатени на бриселскиот аеродром „Завентем“ по април 2021 година, кога делумно беше укината целосната забрана за несуштински патувања воведена поради пандемијата. Тогаш од патниците се бараше да покажат негативен ПЦР тест за да им биде дозволено да ја преминат границата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Руте: Словенија, Албанија и Чешка не ја исполнија целта на НАТО за одбранбени трошоци
-

Николоски-Баша: Изградбата на автопатот Скопје – Блаце е клучна за економската соработка меѓу Македонија и Косово
-

СП 2026: Нејмар нема да настапи против Хаити
-

СП 2026: Роналдо повикува на фокус на следниот натпревар
-

Украина и Русија повторно разменија тела на загинати војници
-

Бројот на новороденчиња во Грција за една година намален за 4,2 отсто
-

Израел објави нова карта на териториите под контрола на ИДФ во јужен Либан
-

Двајца поранешни претседатели на ФФМ осомничени за проневера на над 180 милиони денари
