Во Белгија 55 судии и обвинители доброволно во затвор за да го искусат животот на осудениците
Вкупно 55 судии и обвинители доброволци вчера се одведени во затвор во Брисел за да го искусат животот на затворениците на два дена, соопшти белгиското Министерство за правда.
Судиите и обвинителите се сместени во новиот затвор Харен, со капацитет од 1.190 затвореници, кој треба да биде отворен на 30 септември. Тие се бидат третирани како вистински затвореници.
„Претставниците на правосудните органи многу добро знаат како стојат работите во затворот, но нивното лично искуство им дава единствена можност што може да им помогне во изрекувањето на казната, бидејќи ќе имаат подобро знаење“, се наведува во соопштението на Министерството за правда.
Тие за време на престојот во затворот ќе мора да ги почитуваат наредбите на персоналот. Не можат да користат мобилни телефони, ниту им се дозволени посети.
Исто така јадат затворска храна и извршуваат секојдневни активности на затворениците, како што се работа во кујна или перална, и си легнуваат во 22 часот кога ќе се изгаснат светлата.
Ново на Сител
-
Единаесет приведени во акцијата за сомнителна набавка на деривати
-
Тема на денот со Никола Додевски, адвокат
-
Во буџетот нема пари за субвенционирање на придонесите за минималец од 500 евра, велат експерти
-
Единаесет приведени во акцијата за сомнителна набавка на деривати
-
Само еден тендер за мазут преку компанијата на Капушевски е објавен на електронски систем
-
Собранието изгласа недоверба на 5 члена на Судски
-
Единаесет приведени во акцијата за сомнителна набавка на деривати
-
ИЈЗ: Загадениот воздух се поврзува со смртта на околу 4000 луѓе годишно во Македонија