Во Бангладеш изречена смртна казна поради напад на кафуле во 2016 година

Судот во Бангладеш денеска осуди седум членови на исламистичката екстремистичка група за нивната улога во нападот во 2016 година во кафулето во кое загинаа 22 лица, повеќето од нив странски државјани.
Според очевидци, по изрекувањето на казната во судот во Дака, обвинетите извикувале „Алах Акбар“ и „Ние не сторивме ништо лошо“.
– Обвиненијата против нив се докажани без сомнение. Судот им изрече највисока казна, изјави јавниот обвинител Голам Сарвар Кан, откако ја донесе пресудата во судот во Дака.
Едно лице беше ослободено.
Адвокатот на обвинетите најави дека ќе поднесе жалба на обвиненијата.
Група од пет вооружени мажи упаднаа во кафулето „Холеј Артисан“ во Дака и ги држеа гостите како заложници. Притоа беа убиени деветмина Италијанци, еден Американец и еден Индиец.
Напаѓачите исто така беа убиени за време на операцијата на војската за спасување.
Ново на Сител
-

Променливо облачно и посвежо
-

МВР: Расчистен случајот со опасно управување скутер во Штип | ВИДЕО
-

Автобус се запали на автопатот Велес-Скопје
-

Димитриеска Кочоска на ФБ: Намалувањето на акцизите на горивата и на ДДВ-то за бензините од 18 на 10 отсто ќе важи до 1 јуни
-

Истрага за осомничен за продажба на кокаин во Тетово
-

ЈОРСМ: Предложен притвор за телесна повреда при семејно насилство во Скопје
-

ФФМ упати осуда за навредливо и недолично однесување на ФК Вардар
-

Кривична за малолетничка од Кочани која психички вознемирувала дете
