-->
-->
Во автомобил во Загреб измерени 81 Целзиусов степен
-->
Во автомобил паркиран на сонце во Загреб, биле измерени 81 Целзиусов степен, соопштија од автоклубот „Максимир“. Тие најавија предлози за превентивни мерки, како што се вградување термометар за тревога во случај на прекумерни температури во возилото.Рекордните 81 степен биле измерени во понеделникот, што е за седум повеќе од 25 јули, кога беа забележани 74 Целзиусови степени. Поради сѐ почестите и подолгите топлотни удари и промената на климатските услови, ќе бидат предложени неколку мерки за заштита следната година.
– Ќе иницираме изработка на термометри, коишто со звучен и светлосен сигнал ќе предупредуваат на прекумерното покачување на температурата во автомобилите, тракторите, камионите и градежните машини, се вели во соопштението.
Тие најавија и анализа за можните неповолни последици од високите температури врз самото возило, како и утврдување на тоа – кои течности и материјали се потенцијална опасност поради испарување, експлозија или запалување.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Пукаа од мотор кон група луѓе: Двајца осомничени за убиството на 26-годишниот скопјанец на „Пластичарска“
-

Мицкоски: Ако опозицијата поднесе барање во Парламент за избори, ќе прифатиме и ќе ги победиме
-

Средношколец во Загреб избоде соученик и хигиеничарка
-

Трето државно квиз првенство
-

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“: Вие бркате, затворате, тие ги пуштаат на слобода
-

Голема акција на МВР: Претреси на дваесетина локации поради фалсификувани возачки дозволи
-

Лабораториски произведен протеин од јајце стигна до големите маркети во САД
-

Пронајден и казнет мажот кој фрлаше вреќи и кутии ѓубре во Радика
