Во Австралија расте бројот на новозаразени, одредени држави воведуваат построги мерки
Австралиската држава Квинсленд од денеска повторно воведе задолжително носење маски и ги ограничени собирите во домовите, со зголемена мерка за социјална дистанца воведена низ целата земја, која се бори против новото зголемување на бројот на инфекции од коронавирус.
Во најнаселениот град во Австралија, Сиднеј, за време на викендот беше воведен локдаун, како и во Дарвин на северот на земјата, додека здравствените власти се обидуваат да го спречат ширењето на многу заразната делта варијанта на вирусот.
Во моментов со некоја форма на локдаун или рестрикции се опфатени повеќе од 10 милиони Австралијци, или две петтини од населението.
Австралискиот Совет за национална безбедност денеска треба да одржи итен состанок поради зголемениот број нови инфекции низ целата земја.
Во Квинсленд, властите ги повикаа жителите на неколку региони, вклучувајќи го и главниот град на државата, Бризбејн, да носат маски, дури и пред регулативата да стапи на сила вечерва на полноќ.
Сиднеј вчера влезе во двонеделен локдаун за да се спречи ширењето на многу заразната делта варијанта на вирусот, а во Западна Австралија повторно е воведена обврската за носење маски во затворен простор.
Австралија досега беше многу поуспешна од другите развиени земји во спречувањето на ширењето на коронавирусот и забележа само 30.450 инфекции и 910 смртни случаи.
Затворањата, социјалната дистанца и брзото пронаоѓање на контактите досега придонесоа за успехот на оваа земја во борбата против ширењето на инфекцијата, но делта варијантата на вирусот ги крена на нозе здравствените власти во земјата.
Ново на Сител
-

Полицајци спасија жител на Македонска Каменица, кој беше заглавен на тераса откако настана пожар во неговата куќа
-

За една седмица „Безбеден град“ констатирал 4490 сообраќајни прекршоци, за 10% помалку од предходната седмица
-

ССМ утре пред Владата ќе ја реализира последната блокада за зголемување на платите
-

Две Гркинки украле козметички производи од Трговски центар во Аеродром
-

Скопјанец ги нападнал мајка си и сопругата
-

Од вечер повторно врнежи, кои наместа ќе бидат пообилни
-

Мобилните царински тимови во 2025. со 271 случај на заплени
-

Од полноќ безнините поскапи за еден денар, цената на дизелот не се менува
