Во АВРМ презентација на огласот за обука на пилоти

Промоција на објавениот оглас за шестата генерација на слушатели во Центарот за обука на пилоти на Министерството за одбрана и запознавање на младите до 28 години со условите за аплицирање е целта на денешната презентација во Агенцијата за вработување на Република Македонија (АВРМ) - Центарот за врботување на град Скопје.
На презентацијата присуствуваат младите невработени лица до 28 години со завршено високо образование кои Агенцијата преку СМС ги извести за можноста да аплицираат на огласот, а претставници на Центарот за обука на пилоти детално ги запознаваат со проверките и тестирањата кои претходат и се услов за вклучување во обуката за пилоти, текот на обуката и можноста за вработување по нејзиното успешно завршување.
- Огласот е постојано отворен и на него се поставени соодветни критериуми како физичка подготвеност, здравствена состојба, познавање на англиски јазик и други критериуми кои подоцна ќе бидат проверени од стручните лица од Центарот за обука на пилоти по што ќе се изврши изборот. Најбитно е пријавените кандидати да се млади луѓе на возраст до 28 години, да имаат завршено високо образование и да се државјани на Република Македонија, изјави државниот секретар во Министерството за одбрана Елизабета Чуповска Ристова пред презентацијата.
Таа посочи дека пресекот на кандидати за шестата генерација за обука за пилоти ќе се прави до 18 декември годинава.
Раководителката на Центарот за вработување на град Скопје, Слободанка Алексовска посочи дека за денешната презентација се повикани да учествуваат сите активни баратели на работа до 28 години кои имаат завршено високо образование.
- Со цел да им излеземе во пресрет и подобро да ги информираме младите луѓе во неколку центри на Агенцијата за вработување во соработка со Министерството за одбрана одржуваме презентација за мотивирање за учество на огласот и да им ги претставиме сите можности што ги нуди обуката, рече Алексовска.
Таа посочи дека околу 60 од контактираните лица пројавиле интерес за презентацијата.
Ново на Сител
-

Руски балистички ракети врз Киев, две лица загинати, три повредени
-

Малолетник под 14 години го запалил македонското знаме и го објавил видеото на ТикТок
-

Операција „Филтер“: Паѓа организирана група за шверц на цигари, Царинската управа врши претреси на над 20 локации
-

Вкупно 24 пожари изминатото деноноќие, еден е под контрола, останатите изгаснати
-

Роналдо: Децата ме сакаат, бидејќи ме гледаат како пример за углед
-

За осум месеци 34 помалку загинати и 863 помалку настрадани лица во сообраќајни незгоди
-

Мицкоски и лидерите на земјите од Западен Балкан на средба со Калас во Њујорк
-

Млади лидери од 15 држави на 24. Меѓународна младинска конференција во Крушево
