Во август излегува албум на Принс со досега неиздадени песни

Организацијата која управува со имотот на покојниот пејач Принс во август ќе објави албум под називот „Timeless“, кој содржи 10 претходно необјавени песни создадени во текот на целата негова кариера, почнувајќи од 1977, па сè до годината на неговата смрт, 2016 година, пренесе магазинот „Варајети“.
Колекцијата ќе биде објавена во партнерство со издавачката куќа на Сони, „Legacy Recordings“, а излегува на 28 август. Најавата доаѓа со објавувањето на новиот сингл „Stone“, претходно необјавена снимка од пролетта 1995 година, напишана од Сандра Сент Виктор, Том Хамер и Џулс Ван Ивен.
Албумот го означува враќањето кон серијата реизданија која почна на крајот од 2010 година, а која во последните години беше забавена, наведува списанието.
Објавувањето на албумот ќе следува по одбележувањето на 10 години од смртта на пејачот на почетокот на јуни под називот „Prince Celebration 2026“, кое ќе се одржи од 3 до 7 јуни во паркот Пејсли во центарот на Минеаполис.
Албумот „Timeless“ ќе биде објавен во повеќе физички конфигурации, вклучувајќи ексклузивно D2C ограничено издание на винил во виолетов мермер, стандарден црн винил и ЦД.
Претходно годинава, организацијата одговорна за наследството на Принс претстави најава за албумот „Timeless“ со објавување на песната „With This Tear“ на 2 април. Оваа нумера првично е снимена во паркот Пејсли во ноември 1991 година и претставува комплетна соло изведба на Принс.
Ново на Сител
-

Трамп го прекина интервјуто за Ен-би-си, ги нарече медиумите „расипани“
-

Во Скопје во еден ден пронајдени тројца починати мажи
-

Зеленски: Русија повторно ја гаѓаше нуклеарната централа Чернобил
-

Уапсени осум возачи за безобѕирно управување возило, пет биле без возачка дозвола
-

Првите полски туристи од Вроцлав слетаа на аеродромот во Охрид, почнуваат две нови авиолинии од Вроцлав и Катовице
-

Дарио Ивановски победник на „Охрид трчаТ“
-

Кривична за 29-годишен дебранец кој возел без возачка, пијан и ги нападнал полицајците
-

Николоски: За околу два месеци ќе добиеме модерен, проширен и целосно нов реконструиран аеродорм во Охрид
