Во август Албанија ја посетиле над 1,3 милиони туристи
Во текот на август во Албанија престојувале 1.345.000 туристи, што е за 20 проценти повеќе споредено со истиот месец лани.
- Информациите кои ги добив од Министерството за внатрешни работи потврдуваат дека во месец август во Албанија влегле 1.345.000 туристи. Според важечкиот албански закон за туризам, за турист се смета оној странец кој доаѓа и останува повеќе од еден ден во Албанија, изјави министерот за туризам Бленди Клоси, при денешната посета на Лежа.
Претходно албанскиот државен институт за статистика ИНСТАТ соопшти дека во периодот јануари - јули Албанија ја посетиле 2,9 милиони странски граѓани, што е за 12,4 отсто повеќе споредно со истиот период лани. Најбројни се Косовците со 911.631 посети и Македонците со 381.000, по што следуваат Грците со 275.000 и Италијанците со 200.000 посети.
Доколку се имаат во предвид двата показатели, тогаш произлегува дека за осум месеци Албанија ја посетиле 4.245.000 туристи. Министерот Клоси очекува во 2021 година бројот на туристите кои ќе ја посетат Албанија да изнесува 10 милиони.
Ново на Сител
-
ИВАП: Да им помогнеме на нашите колеги и семејства на настрадани во пожарот во Кочани
-
До крајот на март ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд
-
Екипи континуирано ќе бидат во Кочани за интервенции од типот на пластична хирургија, изјави Таравари
-
Мицкоски: Од април 2 200 денари повисока минимална плата
-
Јаневска: Сто и триест психолози се достапни на учениците, студентите, децата во градинките и на граѓаните по несреќата во Кочани
-
На Додик му е испратена копија од пресудата, има рок од 15 дена за жалба
-
Сопругата и ќерката на газдата на Пулс од вчера се во полициска станица
-
Кавадарчанец возел со 2,60 промили алкохол во крвта и излетал од пат