Во Атланта отпуштени двајца полицајци поради употреба на прекумерна сила на протест
Двајца полицајци во Атланта се отпуштени од работа, а тројца се преместени на канцелариска должност, во очекување на проценката за можна прекумерна употреба на сила за време на протестот против расизмот одржан во градот во саботата, изјави градоначалничката на Атланта, Кејшса Ленс Ботомс.
Одлуката е донесена откако Ботомс и директорката на полицијата Ерика Шилдс ги разгледале снимките од местото на настанот.
Шилдс ги оцени снимките како шокантни, додека Ботомс истакна дека не е прифатлива прекумерната употреба на сила.
На снимките се прикажани група полицајци во опрема за разбивање демонстрации и гас маски кои опколиле возило во кое биле маж и жена.
На видеото е регистрирано дека полицајците ја извлекле жената од возилото, додека против мажот употребиле пиштол за зашеметување. Потоа, на жената, која била легната на земја, и ставиле лисици.
Шилдс се извини за инцидентот и додаде дека однесувањето на полицајците било неприфатливо.
Ново на Сител
-
Ненад Димитријевиќ прогласен за МВП во ВТБ лигата
-
Од денеска поскапува регистрацијата на возилата
-
Мета: Победата на професорката Давкова ќе биде уште поубедлива
-
Протести во Венеција против туристичката такса - Судир на полицијата со демонстрантите
-
Кривична пријава за жител на Росоман за посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи
-
Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него
-
Во германските продавници пронајдени се над сто килограми кокаин во пратките со банани
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар