Свет
2. July 2016 - 10:43

Во американските напади со беспилотни летала загинале 116 цивили

Американската Влада соопшти дека откако претседателот Барак Обама ја презеде функцијата, во 2009 година, во американските напади со беспилотни авиони и други воздушни напади во Пакистан, Јемен и Африка биле убиени меѓу 64 и 116 цивили, пренесоа американските медиуми.

Ова е првата јавно објавена информација на Владата за бројот на цивилни жртви во вакви операции. Некои активисти за човекови права изјавуваат дека бројката е доста поголема.

Обама, исто така, потпиша указ, според кој, заштитата на цивилното население е основен елемент при планирањето на американските воени операции.

Во објавените податоци за цивилни жртви не се земени предвид американските воздушни напади во Авганистан, Ирак или Сирија.

Американската програма за операции со беспилотни авиони е клучен елемент од стратегијата на Обама за борба со тероризмот.