Во американските напади со беспилотни летала загинале 116 цивили
Американската Влада соопшти дека откако претседателот Барак Обама ја презеде функцијата, во 2009 година, во американските напади со беспилотни авиони и други воздушни напади во Пакистан, Јемен и Африка биле убиени меѓу 64 и 116 цивили, пренесоа американските медиуми.
Ова е првата јавно објавена информација на Владата за бројот на цивилни жртви во вакви операции. Некои активисти за човекови права изјавуваат дека бројката е доста поголема.
Обама, исто така, потпиша указ, според кој, заштитата на цивилното население е основен елемент при планирањето на американските воени операции.
Во објавените податоци за цивилни жртви не се земени предвид американските воздушни напади во Авганистан, Ирак или Сирија.
Американската програма за операции со беспилотни авиони е клучен елемент од стратегијата на Обама за борба со тероризмот.
Ново на Сител
-
Тројца приведени за убиството на матичниот доктор кај поликлиниката Железара – мотивот се уште непознат
-
Трет ден потрага по Данка, родителите повторно во станица
-
Предизборно финале – партиите ги финализираат листите
-
Стариот парламент ќе инаугурира нов шеф на државата - конститутивна седница за новите пратеници на 28 мај
-
ОЛАФ бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра - злоупотребени пари од Еразмус плус
-
ССМ најавува серија протести, работниците излегуваат на улица
-
Штипските пензионери повторно на протест
-
Глобалниот минимален данок од 15% - закана за 50-тина компании кои работат во зоните кај нас