Во Албанија новодијагностицирани 21, вкупно 467 лица со Ковид-19
Во изминатото деноноќие во Албанија новодијагностицирани со Ковид-19 се 21 лице,со
што вкупната бројка се зголеми на 467 лица.
Од новозаразените еден е здравствен работник и две асиптоматични деца,со што бројката на зарзаени деца се
зголеми на 18.
– Во последните 24 часа се тестирани 193 сомнителни случаи, од кои кај 21 е дијагностициран Ковид-19. Досега се тестирани 4.070 сомнителни случаи, а позитивен резултат има кај 467 од нив.Добра вест е што во изминатото деноноќие излекувани се 15 лица, со што вкупната бројка на оние кои ја добија битката со опасниот вирус се зголеми на 232 лица. За жал и покрај максималните напори на здравствениот персонал до сега починати се 23 лица, изјави
Албана Фицо, директорка на Институтот за јавно здравје.
Според неа во моментот во Инфективната клиника и во
болницата „Шефќет Ндроќи“ хоспитализирани се 52 пациенти, од нив 14 се на интензивна терапија, додека седум се интубирани.
Како ново жариште на болеста го посочи подрачјето на северниот град Скадар, каде до сега има 70 заразени од кои во последното денониоќие 13 лица. И понатаму најголем број од вкупно заболените се од Тирана или 221, од нив
новозаразени се само шест.
Ново на Сител
-
Забрана за движење на повеќе патни правци
-
„Вреди“ – Го обвини Груби дека стои зад инцидентите
-
Тема на денот со Максим Димитриевски, претседател на движење ЗНАМ
-
Ученици од „7 март“ со импровизирани пушки и униформи од УЧК на приредба за денот на албанското знаме, МОН утре најавува инспекции
-
Нема доволно згрижувачки семејства во државата
-
УХМР: Врнежи од дожд и снег ќе има и вечерва и утре наутро во некои делови од државата
-
Снежните врнежи предизвикаа проблеми
-
ПСС - Најчести интревенции на заглавени возила на Галичица