Во Албанија денеска официјално почнува изборната кампања за делумните предвремени избори за градоначалници
Во Албанија денеска официјално почнува изборната кампања за делумните предвремени избори за градоначалници на шест општини во државата, поточно во Скадар, Пешкопеја, Драч, Вора, Рогожина и Лушња.
На изборите кои ќе се одржат на 6 март, во трка за градоначалничко место се 20 кандидати од три политички партии и една коалиција, владејачката Социјалистичка партија (ПС) на Еди Рама, опозициската Демократска партија(ПД) на Љуљзим Баша и партијата Ново движење (ЛРЕ) на Ариан Галдини.
За градоначалничко место со нив ќе се тркаат и кандидатите на изборната коалиција „Дом на слободата“ на Движењето за социјалистичка интеграција на Моника Круемади и Демохристијанската партија на Нард Ндока, во која комисијата не го призна како политички субјект за учество крилото на Сали Бериша. Сепак во повеќето од општините кандидатите се токму приврзаници на Бериша.
ПС, ПД и коалицијата „Дом на слободата“ свои кандидати имаат во шесте општини, додека ЛРЕ во две, Пешкопеја и Драч.
Меѓу дваесетте кандидати има три жени, сите под логото на Социјалистичката партија кои ќе се обидат да ја добијат довербата во Скадар, Драч и Љушња.
На 6 март ќе се гласа на 940 гласачки места, а во единствениот избирачки список се запишани 648.536 лица со право на глас.
Ново на Сител
-
Мицкоски ги повика турските компании да аплицираат за унгарскиот кредит
-
Мицкоски: Ако ги изгубиме локалните веднаш ќе одиме на предвремени избори
-
ДСЗИ ќе проверува дали Детска го решила проблемот со дежурстрвата на специјализантите
-
Дијабет центар во Прилеп
-
Субвенции за сончоглед
-
Преглед на вестите од светот
-
Трет обид за ликвидација на Раде Трајковски Штекли - Фрлена бомба во двор на неговата куќа
-
Собранието ја стартува расправата за буџетот, поднесени над 300 амандмани