Во Албанија циркулира мутација на коронавирусот, но се уште не е идентификувана
Познатиот албански инфектолог и заменик директор на Институт за јавно здравје, Дритан Улќинаку, потврди дека во земјата циркулира мутација на коронавирус, но оти сè уште не е прецизно идентификувана.
-Тоа е коронавирус, но различен од коронавирусот што циркулираше досега во нашата земја. Но, се уште не сме во можност да кажеме дали е од Бразил, или од Јужна Африка или Англија. Имаме капацитет, сè уште не сме ја достигнале последната фаза, но сме на пат за целосна идентификација на овој вирус, изјави Улќинаку за Еуроњуз Албанија.
Тој предупреди дека моментната состојба со Ковид-19 во земјата треба сериозно да се сфати.
– Приближно 900 случаи на ден е ситуација што мора да ја сфатиме многу сериозно. Можеби сме во најлошите денови на ширењето на коронавирусот во земјата. Не смееме да го оставиме тоа на случајност, навистина мора да сватиме дека злото не помина, туку напротив веројатно сме во најлошите денови со овој врус, рече тој.
Ново на Сител
-
Апасиев: Очекуваме двоцифрен број на пратеници
-
Таравари: Ни треба нов Устав на две заедници
-
Ахмети: Уште поголема победа
-
Ковачевски: Масовна излезност на 8 мај
-
Мицкоски: СДСМ спрема црни сценарија
-
Тема на денот со Неда Малеска Сачмароска
-
Тинекс отвора уште неколку нови маркети, денеска отворен маркетот во О. Илинден
-
Во понеделник се враќа старата цена за осигурување на возилата